Испечати

Брзи уштипци

Брзи уштипци

Состојки

  • 300гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 филџан (150мл) кисела вода
  • 1 филџан масло
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажица зачин
  • 1 лажичка црн бибер
  • 1 рака магдонос

Подготовка

Економичен,едноставен и брз рецепт кој може да ви се најде кога во фрижидерот имате помалку месо, а сакате нешто набрзина да зготвите. Исто одлични се и за мезе.

Месото се замесува со сите состојки и одкако убаво ќе се изедначи се става да одстои околу 1 час да се спојат зачините. Со лажица намрсена се ваѓаат формички кои се дообликуваат со помош на др лажица и се пржат на врел зејтин.
Сигурна сум дека на повекето од нас ни е познат рецептов, па еве можеби ќе се најде на некоја нова-тазе домакинка.