Ориз со брокула и колбаси
Состојки
- 500 гр тенки колбаси
- 500 гр брокула
- 1 чаша од 200 мл кафеав ориз
- 1/2 мала главица ситно сецкан кромид
- 4 чаши вода
- 3- 4 лажици масло
- по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
Подготовка
Колбасите исечете ги на парчиња околу 2цм а брокулата разделете ја на цветчиња.
Во тава за пржење ставате го маслото и на среден оган испржете ги колбасите. Потоа додајте го кромидот и оризот и заедно испржете ги уште малку. Додајте ја водата, зачините по вкус и брокулата. Оставете ги да варат повремено мешајќи додека течноста испари и оризот омекне.
Послужете го топол со салата по ваш избор.