Медени бисквити со ѓумбир и салеп
Состојки
- 100гр. кафеав шеќер
- 125гр. омекнат путер
- 110гр. мед
- 330гр. брашно
- 1 жолчка
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- 3 лажички салеп во прав
- на врв на лажичка каранфилче во прав
- 1 лажичка пециво
- 1 неполна лажичка сода бикарбона
- Глазура
- 100гр. шеќер во прав
- 1 белка од јајце
Подготовка
Во длабок сад измешајте го шеќерот со путерот, а потоа додајте ги останатите состојки.
Убаво замесете го тестото. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер 30 минути.
Отстоеното тесто ставете го меѓу 2 листа хартија за печење и со сукало развлечете кора(со дебелина по ваша желба).
Со калапчиња оформете ги бисквитите и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Белката од јајце изматете ја со вилушка и додајте го шекќерот во прав. Убаво измешајте и премачкајте ги бисквитите.
Печете ги на 180 степени, 10 минути.