Шил торта
Состојки
- 570 грама шеќер
- 450 грама маргарин
- 210 грама бадеми
- 150 грама чоколада за готвење
- 22 јајца
- 6 ребра чоколада за готвење
- 1 ванила
- втор пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 100 грама сецкани лешници за посипување врз глазурата
Подготовка
За оваа торта по оригиналниот рецепт што го имам од еден многу стар готвач потребно е да се направи само еден пандишпан, но бидејки тортата беше по повод роденденот на ќерка ми, јас направив уште еден за да биде поголема истата.
Најпрвин го правиме првиот пандишпан со матење на 210 грама маргарин, додаваме 210 грама шеќер и 11 жолчки кои ги додаваме една по една мешајки околу 15 минути.
Претходно растопуваме 3 ребра чоколадо и бадемите ги мелеме. Го додаваме чоколадото и бадемите и добро промешуваме.
Настрана во друг сад ги матиме 11 белки во цврст снег и ги додаваме во смесата. Правоаголното плекче го подмачкуваме со зејтин и брашно и ја истураме смесата. Печеме на околу 200 степени времетраење зависно од јачината на рерната проверувајки со чепкалка да не се лепи од тестото.
Правиме уште еден пандишпан ако има потреба, ако не првиот го сечеме на 4 дела.
За вториот пандишпан ги матиме јајцата заедно со шеќерот и кога добро се изматат го додаваме брашното и матиме малку со рачна мешалка. Го печеме на околу 200 степени десетина минути. Кога се испечени и двете кори за тортата ги сечеме на половина.
Филот го подготвуваме на следниот начин.
Во длабоко тенџере ставаме вода да зоврие и одозгора во друг сад ставаме 11 цели јајца, 210 грама шеќер, ванила и на пареа мешаме додека смесата не се згусти. Го тргаме кремот од огнот и мешаме додека не истине. Во друг сад ставаме 210 грама маргарин и 3 ребра омекната чоколадаи ги мешаме заедно со кремот. Ја земаме првата половина од првиот пандишпан и го премачкуваме со кремот. Потоа ставаме половина од жолтата кора и истата ја филуваме. Така правиме со четирите кори само што на најгорната не ставаме од кремот туку приготвуваме глазура од 150 грама чоколадо, 150 грама шеќер и 1 децилитар вода и вариме со постојано мешање додека не се згусти. Во смесата додаваме и една лажичка маргарин или зејтин.
Додека е топол преливот го истураме одозгора врз тортата и ја оставаме на студено место. Одозгора ставаме сецкани лешници. Оваа торта е многу повкусна ако одстои еден ден. Кај нас не стоеше бидејки беше роденденска, ама секако беше и многу вкусна поради состојките во неа. Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја торта.