Канелони со рикота и карфиол
Состојки
- 220гр. канелони
- За полнење
- 200гр. свежи шампињони
- 280гр. рикота
- 3 лажици пармезан
- 1 жолчка
- 150гр. карфиол
- по потреба сол, црн бибер
- Сос
- 400мл. млеко
- 100мл. неутрална павлака за готвење
- 25гр. брашно
- 70гр. путер
- 1 жолчка
- 60гр. пармезан
- 70гр. кашкавал
- 100гр. карфиол
- малку мускатно оревче
- по потреба сол
Подготовка
Печурките исечете ги на коцки и ставете ги во тава со малку масло да се запржат.
Карфиолот обарете го и 150гр. ставете во тавата со печурки да се пропржат заедно. Посолете малку и претурете ги во подлабок сад.
Во садот додајте ги рикотата, пармезанот и жолчката.
Наросете малку црн бибер и убаво измешајте.
Сос
Во тенџере на оган ставете го млекото и павлаката за готвење да се загрее.
Во тава ставете го путерот да се топи па додајте го брашното. Откако ке се подзапржи брашното претурете го во тенџерето со млеко.
Посолете, наросете црн бибер и мускатно оревче и оставете да дојде до зовривање.
Додајте ја жолчката и продолжете со мешање додека сосот се згусти.
На крај додајте го пармезанот, ренданиот кашкавал и 100гр. изблендиран карфиол. Убаво со мешање соединете ја смесата.
Садот во кој ке ги печете канелоните премачкајте го со путер и нанесете малку од сосот.
Канелоните наполнете ги со филот и наредете ги во плехот.
Одозгора посипете ги со сосот.
Печете ги на 200 степени 30-40 минути.
Послужете ги топли.