Испечати

Минестроне со карфиол

Минестроне со карфиол

Состојки

  • 1/2средна по големина глава карфиол
  • 3 компира
  • 2 моркова
  • 400 гр. сварен шарен грав (може и бел)
  • 1 шоља од 100 мл. сварена пченка
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 листа ловор
  • по ваша определба сушено месо, домашни колбаси,
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 4 лажици доматни пире
  • по ваш вкус сол, сушен зеленчук, магданос

Подготовка

Ептен шарено минестроне. Шареноликоста знае да даде и свој придонес на вкусот.
1. Исчистете и исецкајте ги компирот и морковот на коцки, карфиолот разделете на цветчиња.
2. Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, додајте малку зејтин и подлијте со вода. Оставете да динста околу 10 мин. Додадете го сувото месо, морковот и компирот, карфиолот, ловоровиот лист, магданосот, додадете уште вода и нека се вари на тивко уште 15-20 мин.
3. Во веќе сварено - додадете го црвениот пипер, доматното пире, сварениот грав, пченката - овкусете со зачинки по ваш вкус. Оставете да се вари уште 5 мин.
Напомена
- Грав можете да ставите и бел но предходно сварен или да земете веке конзервиран варен грав.