Шницли од карфиол
Состојки
- 1 глава карфиол
- 1 полна полна лажица ким
- на вкус сол и толчен бибер
- 70 мл. маслинов зејтин
- За сосот
- споре вкусот лимон, толчен лук, таан и 1 лажица јогурт
Подготовка
Предлог како да се спрема и на овој начин карфиолот
1. Вклучете ја рерната на 200 степени.
2. Исечете го карфиолот на дискови и наредете во тава послана со хартија за печење.
3. Секое парче од карфиолот премачкајте го со маслиновиот зејтин, посипете со сол и бибер. Наредете во тавката и ставете да се пече околу 10 мин. Свртете ги парчињата од другата страна печете уште 10 мин.
Додека се печи вие спремајте го сосот
- Во посебен сад исцедете го лимонот и измешајте со Таан, толчениот лук и јогуртот, нанесете на секое парче од сосот за да понатаму уживате во вкусовите.
За мене многу-многу не преставува некој си рецепт туку ми е повеке идеја како паметно да го искористам карфиолот кога ама баш не ми текнува што да правам со него.