Кошнички од мелени смокви
Состојки
- 500гр суви смокви
- 250гр мелени ореви
- 150гр шеќер во прав
- 50гр чоколадо за готвење
- 50мл рум
- 100гр желе бомбони
Подготовка
Во машина за мелење месо ги мелеме смоквите и мелената смеса ја ставаме во длабок сад. Чоколадата ја топиме и ја додаваме кај смоквите. Ги додаваме мелените ореви, шеќерот во прав и румот. Земаме од смесата и формираме топчиња. На средина на секое топче правиме длабнатина и длабнатинките ги полниме со сецкани желе бомбони.