Испечати

Солен кекс со карфиол

Солен кекс со карфиол

Состојки

  • За карфиолот
  • 1/1 средна по големина главица карфиол
  • 50 мл. зејтин
  • 2-3 чешниња лук
  • по малку сол, толчен бибер
  • За тестената смеса
  • 2 поголеми јајца
  • 4 со врв полни лажици Грахам брашно
  • 4 со врв полни лажици лебни трошки
  • 50 мл. зејтин
  • на вкус мелен бибер, сол, магданос
  • 12 лажици млеко
  • 1 полна лажица пециво
  • 50-60 гр. рендано сирење

Подготовка

Дарвина одамна го напиша овој рецепт, кога е сезоната на карфиолот- честопати го правам, а еве како.

Измиениот карфиол поделете го на цветчиња, подсушете го, посолете, ставете бибер и ситно сецкан лук, полијте со 50 мл. зејтин, ставете да се подпече во предходно загреана рерна додека да омекне, притоа неколкупати разбркајте го.
Подпечен со добиена сосема малку зацрвенет одозгора, тргнете го и оставете да олади.

Тестото
- Во сад измешајте ги брашното, лебните трошки, солта, биберот и пецивото.
- Со миксер или жица кратко изматете ги јајцата со зејтинот, потоа ставете половина од измешаното брашно, разбркајте, додадете половина од млекото, разбкајте, додадете го остатокот од брашното и млекото, разбркајте, додадете го ренданото сирење, разбркајте.
- во модла послана со хартија за печење прво ставете од тестото, наредете врз него карфиолот, потоа врз него остатокот од тестото. Распоредете и благо притиснете со шпатулата. Покријте го со магданос и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Напомена
Оваа количина на тесто мора да ја ставете во помала модла. Јас печев во модла 24х10.