Испечати

Карфиолка

Карфиолка

Состојки

  • 1/2 главица од средно голем карфиол
  • 50мл. маслиново масло
  • 3 парчиња од главица лук
  • 50мл. масло
  • 1 лајче сол, црн пипер
  • 4 лажици интегрално пченично брашно
  • 4 лажици презла
  • 2 цели јајца
  • 1 кесичка печиво
  • 50гр. дробено бело сирење
  • 12 лажици млеко

Подготовка

Овде не станува збор за похован, пржен, гратиниран карфиол,ова е случај каде карфиолот се печи и добива поинаков шмек.

Гранчињата карфиол накршени се полеваат со маслиновото масло, се сечка лукот и се ставаат да се печат на 180 степени во рерна за некои 25-30 минутки притоа повремено ја отвораме рерната и мешаме за да не ни потемни карфиолот од едната страна туку рамномерно да си се испечи. Потоа го оставаме да се излади па ги биеме со миксер јајцата само 2 минути доволно и долеваме масло (50 мл.) да се соединат.
Се меша настрана сувите состојки во еден сад.
Редоследот на додавање е следен. 4 лажици од сувите состојки во смесата од јајца,половина од млекото, мешаме рачно да се изедначи па го додаваме остатокот од суви и после водени состојки. На сам финиш ставаме од дробеното сирење.
Оваа количина е доволна за мало калапче или огноотпорен сад со димензии од прилика 15*25 см.огноотпорниот сад се премачкува масло се става половина смеса од тесто се реди печениот карфиол и најгоре се затвора со слој тесто.

Се печи на 180 15-17 минути од прилика,сами ке забележите кога ке се оддели од зидот на садот. Подеднакво добра и топла и ладна за наредниот ден, мека, мирисна.