Испечати

Торта со слатка павлака и карамел

Торта со слатка павлака и карамел

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 јајца
  • 190 гр шеќер
  • 10 гр ванилен шеќер
  • 120 мл масло
  • 170 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 10 гр прашак за пециво
  • Фил
  • 300 мл слатка павлака
  • 220 мл карамел прелив од туба
  • За прскање на пандишпанот
  • 120 мл млеко

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилата да постанет светли и кремасти.
Додајте го маслото повторно измешајте со миксерот и на крај брашното, какаото и пецивото. Со мала брзина кратко измешајте да се изедначи смесата. Потоа истурете ја во намачкан со путер и набрашнет голем плех(31х40) и ставете го да се печи во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и исечете го на 3 ленти.

Подготовка на филот
Во сад ставете ги слатката павлака и карамел преливот (изладени во фрижидер) и со миксер матете ги додека се добие цврста крема.
На подлога за торта се реди една лента од пандишпанот, се прска со млеко и се мачка со фил и така до крај со останатите ленти од пандишпан и фил.
Тортата украсете ја по желба, со шлаг, чоколада, украсни трошки и др.