Испечати

Посни пури кифлички

Посни пури кифлички

Состојки

  • 1кг брашно
  • 250мл кисела вода
  • 200мл обична вода
  • 200мл зејтин
  • 1,5 коцки квасец
  • 1 лажица сол
  • 3 лажици шеќер
  • кашичка за премачкување
  • 1 лажица брашно
  • 100мл вода

Подготовка

Квасецот се става во млака вода да стасува. Од како ќе стаса се замесува тесто со брашното, млаката кисела вода, квасецот, солта, шеќерот и постепено се додава зејтинот. Тестото убаво се меси и се остава да стаса.
За виткање на овие кифлички најубаво е да се искористат врвовите на стеблото на пченка.
Од како ќе стаса тестото се сука во кора и се сечат ленти со ширина околу 2см. Секоја лента се витка околу стапчето во вид на спирала. За да не се залепи тестото на стапчето се премачкува со малку зејтин. Кифличките се ставаат во плех да стасаат, се премачкуваат со кашичка од вода, сол и брашно и се печат околу 20 минути на 180 степени.
Од како ќе се испечат се извлекува стапчето и кифличките се спремни за проба.