Испечати

Гратиниран карфиол

Гратиниран карфиол

Состојки

  • 1 средно голема главица карфиол (700-800гр. отприлика)
  • 1 литар вода
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 главица кромид
  • 5-6 лажици масло
  • 3 лажици брашно
  • 3 јајца
  • 80гр. пармезан трошки, црн пипер, мушкатно оревче

Подготовка

Се кини на гранчиња карфиолот (на поголемки), се става во литар вода со мешан сув зачин, нека повари најмногу 10 мин. на средна температура. Се вади со лажица решетка и се цеди, а водата во која вареше се употребува подоцна. Вака карфиолот само ќе подомекни.

На врело масло се пржи стаклесто ситно сечкан кромидот, се додава брашното, 3 шољи од водата во која се вареше карфиолот, постојано мешајќи да не се создадат грутки. Се посолува и зачинува, се трга од оган и во сеуште врел сос се ставаат 3те жолчки од јајцата притоа повторно мешајќи константно. Кога сосот ќе се подолади се става пармезан трошки.

Во огноотпорен сад се реди едно до друго карфиолот, а оладената смеса од сос се спојува со цврста пена од белките од јајца, кои ги биеме настрана во сад. Ги полеваме гранките карфиол со оваа смеса и се печи на 200 во рерна 35-40 мин. зависно од јачината на рерната. Се служи топло со екстра пармезан како самостоен ручек или пак прилог кон месо.