Пица со кора од карфиол
Состојки
- За кора
- 400 гр карфиол
- 70 гр крем сирење
- 1 кг мало јајце
- по вкус сол, бибер
- За одозгора
- 2 -3 лажици маринара сос или кечап
- 100 - 200 гр мек топлив кашкавал
- 50 - 100 гр пршута
- малку листови рукола
- по вкус сол, бибер
- малку оригано
- малку маслиново масло
Подготовка
Ова е мојот предлог за ручек со карфиол. Можеби необично делува на прва, ама вистински е вкусно...
Карфиолот поделете го на цветчиња и исситнете го во бледер. Варете го на пареа 5 - 10 мин, малку да омекне или ставете го во поголемо метално сито и спуштете го во вода што врие. Така после лесно ќе го исцедите. Оставете да откапи целата вода и да се пролади.
Загрејте ја рерната на 200 Ц. Дното и страниците на округли калап со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Обарениот оладен карфиол измешајте го со крем сирењето, јајцето, солта и биберот. Распоредете го по дното на калапот, притиснете да се израмни површината. Дебелината на кората ке биде 1 - 1 1/2 цм.
Печете додека убаво не се зарумени 30 - 40 мин.
Малку нека подолади, па подигнете ги краевите на хартијата за да ја извадите кората.
Решетката за печење префрлете ја на најдолниот поделок на рерната. Подигнете ја температурата на 220 Ц.
На кората намачкајте го маринара сосот и распоредете го изренданиот кашкавал. Посолете и побиберете, попрскајте со маслиново масло, префрлете со даска на решетката во рерна, па печете десетина минути, додека кашкавалот не стане меурест и добие убава боја.
Извадете од рерна, распоредете ја искинатата пршута и искинатите листови рукола. Попрскајте уште малку маслиново масло и послужете.
Се разбира, состојките за одозгора може да ги менувате по ваша желба.
Ете, малку поинаква пица...