Испечати

Пилешко со компири и пиперки

Пилешко со компири и пиперки

Состојки

  • 8 пилешки батаци
  • 1 кг компири
  • 2 (200гр) меснати црвени пиперки
  • 1 лажиче рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • по вкус мешан сув зачин, сол и бибер
  • 1/2 чаша вода

Подготовка

Батаците посолете ги со солта, биберот и мешаниот зачин по вкус.
Компирите излупете ги и исечете ги на поголеми коцки.
На пиперките извадете им го семето, исечете ги на пошироки резанки и заедно со компирите ставете ги во тава за печење. Додајте го лукот исецкан, магдоносот, рузмаринот, малку сол и бибер, пола чаша вода и измешајте ги. Попрскајте ги со малку масло и одозгора наредете ги парчината месо.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 1-1час и половина додека месото добие убава боја од двете страни.
Послужете ги топли со салата.