Пилешко со сенф и сусам
Состојки
- 500 гр бело пилешко месо, исечено на коцки од 2 цм
- 2 лажици сусам
- 2 лажици рустичен сенф
- 100 мл бело вино
- 1 коцка за пилешка супа
- 1 лажица густин
- 2 лажици кисела павлака
- 1 - 1 1/2 шоља врела вода
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажичка сол
- 2 - 3 жешнина протиснат лук
Подготовка
Од моите брзи рецепти за работен ден.....
Во поширока плитка тава со капак на силен оган загрејте неколку лажици маслиново масло. Додајте ги коцките месо, па пржете додека не заруменат од сите страни. Додајте го сусамот, кратко пропржете и додајте го виното. Варете додека скоро сосем не испари, додајте го сенфот, промешајте, посолете и побиберете, додајте го и лукот. Наронете ја коцката супа и додајте ја водата. Намалете го огнот, додајте го ориганото и шеќерот.
Во павлаката добро измешајте го густинот, па додајте во тавата со месо. Намалете ја температурата на готвење на тивко, добро измешајте се да се соедини, ако ви изгледа прегусто додајте уште малку вода , покријте со капак и варете околу 30 - 40 мин. или додека месото не се зготви.
Дотерајте го вкусот и сервирајте жешко со прилог по ваша желба. На мојата слика со конфети ориз за кој ќе ви проследам рецепт....
Еднакво добро е и подгреано другиот ден.