Испечати

Коцки со лимон

Коцки со лимон

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 120 мл масло
  • 1 лимон исцеден сок и изрендана кора
  • 150 гр пченкарен скроб
  • 150 гр брашно
  • 1 прашак за пециво

Подготовка

Одделете ги жолчките и белките.
Жолчките изматете ги со шеќерот да постанат кремасти, потоа додајте го маслото, сокот и кората од лимон и убаво измешајте ги.
Измешајте го брашното, скробот и пецивото и додајте ги во смесата и мешајте ги со голема лажица да се соединат.
Белките со прстофат сол изматете ги во снег, додајте ги во смесата и повторно мешајте ги со лажица да се соединат.
Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет плех (25х30) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 170-180 степени околу 30 мин.
Печената торта оставете ја да излади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја исечена на коцки.