Печени компири со млеко
Состојки
- 1 кг компири
- 200 гр рендан кашкавал
- За прелив
- 300 мл млеко
- 200 мл павлака за готвење
- 2 јајца
- 1 лажиче мешан сув зачин
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче бибер
- 1/2 лажиче рендано морско оревче
- по потреба путер и презла
Подготовка
Компирите излупете ги и исечете ги на многу тенки плочки како за мусака.
Едно подлабоко мало плехче намачкајте го со путер и посипете го со презла. Наредете половина од компирите и ставете 1/3 од ренданиот кашкавал. Одозгора наредете ги и останатите компири. Потоа подгответе го преливот.
Со вилушка изматете ги јајцата и павлаката, потоа додадете го млекото, зачините и прелијте ги компирите. Наредете го и преостанатиот кашкавал и неколку парченца путер.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 1 час додека течноста испари. Откако ќе се запечат покријте ги со алуминиумска фолија за премногу да не изгорат.
Вака подготвените компири послужете ги топли како додаток на печено или пржено месо и салата.