Испечати

Ролат со тиква

Ролат со тиква

Состојки

  • потребно за пандишпан
  • 3 јајца
  • 100 гр шеќер
  • нотка сол
  • 1 лаж масло
  • 150 гр рендана тиква
  • 100 гр брашно
  • 1 лаж пециво
  • потребно за крем
  • 400 гр исчистена тиква
  • 170 гр шеќер
  • 1 чаша (250 гр) млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 100 гр путер
  • 250гр слатка павлака

Подготовка

Во еден сад ги ставаме јајцата, шеќерот, изрендана тиква, брашното, пецивото и со рачна маталка ги измешаме состојките да се соединат .
Печеме во помала равоаголна тава околу 25 на 35 см .обложена со хартија за печење на 190 степени околу 15 -20 минути.
По печење сотавете малку да излади и остранете ја хартијата и ставете на крпа и замотајте во ролат.

Тиквата ја сечеме на коцки сипуваме вода колkу да ја опфати и вариме додека убаво да омекне. Кога тиквата е сварена и водата во која се вареше има малку со згмечете ја тиквата да добиете поводенесто пире ставете го шеќерот и ставете на оган да се истопи шеќерот.
Во млекото растворете го пудингот и додадете во тиквата, мешајте додека да се згусти потоа тргнете да се олади пудингот.
Путерот изматете го со миксер и додадете го изладениот пудинг матете да се изедначи кремот и додадете 3-4 лаж изматена павлака и повторно изматете.
Извадете го ролатот од крпа премачкајте со филот и повторно замотајте декорирајте со преостанатата слатка павлака ставете малку во ладилник да се стегне па исечете на парчиња.