Испечати

Стаклени карамелни украси

Стаклени карамелни украси

Состојки

  • 100 гр шеќер
  • 10 коцки мраз

Подготовка

Ова не е рецепт, туку една мала финтичка, за брзи украси на вашиот десерт.
Го загреваме шеќерот до точка на топење. Кога ќе ја добие убавата црвено-кафенкаста боја го истураме врз коцки мраз.
Како паѓа карамелот, така стврднува, на мразот и помеѓу мразот.
Се прават премногу убави фигурички.
Во зависност од тоа како ви требаат помали или поголеми, така и ги изработувате.
Еве јас ви приложувам слика од мали *стакленца * од карамелот.