Куманoвска Погача
Состојки
- 1 кг брашно
- 3 јајца
- 1 јајце за премачкување
- 1 лажица оцет
- 1 (25гр) квасец
- 1 филџан (80мл) млеко
- 1 филџан масло
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- 600гр вода
Подготовка
Се замесува тесто и се остава да стаса до 4 пати.
Потоа со сукало са прави кора дебела еден прст и се премачкува со маргарин. По желба се филува со сирење или некој друг фил и се витка во ролат.
Се сече и обратно се реди во тава.
Се мачка со јајце се става сусам,ким ... по желба и се пече 30 минути на 210 степени.