Испечати

Суфле од тиква и какао

Суфле од тиква и какао

Состојки

  • 4 јајца
  • 100гр. шеќер
  • 100гр. растопен путер
  • 25гр. какао
  • 1 ванила
  • 250гр. тиква
  • 4 лажици брашно
  • прстофат сол

Подготовка

Најпрвин тиквата исечете ја на помали парчиња, завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете ја во рерна на 180 степени да се пече.
Откако ќе се испече оставете малку да се олади и изблендирајте ја.
Белките оделете ги од жолчките и изматете ги во цврст снег.
Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот.
Додајте го брашното, ванилата и малку сол.
Измешајте убаво со дрвена лажица.
Потоа додајте го какаото и растопениот путер и уште еднаш убаво измешајте.
Додајте ја и тиквата и на крај изматените белки.
Откако ќе ги додадете белките мешајте полека во еден правец додека убаво се соедини смесата.
Огноотпорните садови за печење премачкајте ги со путер и наполнете ги со смесата.
Печете на 180 степени, 25 минути.