Испечати

Винарки

Винарки

Состојки

  • 200мл. бело вино
  • 400мл. масло за јадење
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилен шеќер
  • 200гр. мармалад
  • 500гр. брашно

Подготовка

Во подлабок сад ги ставаме брашното, ванилниот шеќер и прашокот за печиво, мешаме со лажица и ги додаваме виното и маслото. По потреба за да добиеме потврдо тесто додаваме уште брашно и продолжуваме да го месиме тестото со рака. Со раце кинеме од тестото и формираме 15 топчиња.Со сукалка ги развлечуваме на набрашнетата работна маса. Со лажица нанесуваме од мармаладот на секоја и ги виткаме во кифлички. Мармалдот во оригиналниот рецепт е од сливи , но јас секој пат кога ги правам користам различен,овој пат користев мармалад од смокви.
Сите Винарки ги редиме во тава за печење обложена со хартија.Тавата ја ставаме во рерна и печеме 25 мимути на 180 степени. Испечените Винарки ги наросуваме со шеќер во прав.
Добар апетит.