Желе од тиква
Состојки
- 500 гр исчистена тиква
- 100+50 гр шеќер
- 30 гр желатин
- 100мл слатка павлака
- 200+100 мл вода
Подготовка
Тиквата ја сечеме на коцки, ставаме во сад во кој ке се вари и налеваме вода колку да ја покрие тиквата, го додаваме 100 гр шеќер и вариме додека убаво да омекне тиквата.
Кога е готова исцедете ја водата во која се вареше и со блендер испасирајте ја тиквата.
Водата во која се вареше тиквата измерете ја да има 200мл доколку нема досипете уште вода во неа додадете го желатинот и оставете да набубри, а потоа подгеејте го да се истопи, но внимавајте да не прврие.
Истопениот желатин сипете го во пирето од тиквата и и измешајте, а потоа во калап. Можете да користите и калап за куглоф, калап за мофини или друг калап. Подобро да биде силиконски доколку имате, а и не мора. Калапот треба малку да остане отпразен.
Оставете да се подолади.
Остатокот 10 гр желатин растворете го во 100 мл вода оставете да набубри желатинот, па затоплете го додека да се истопи и оставете да се подизлади. Во павлаката додадете 50 гр шеќер, мешајте со лажица да се истопи шеќерот и додадете го желатинот промешајте и дополнете ги калапите.
Можете со дршка на лажица неколку пати да бркнете во средината на калапот да се ишара желето, но не мора.
Ставете во ладилник 3 часа да се излади и стегне желето, а потоа извадете и сервирајте во чинија. Доколку калапот е силиконски лесно ќе го извдите од калапот, а доколку не е ставете го калапот со дното во вода што врие и веднаш извадете и превртете го на чинија.