Ајвар со тиква
Состојки
- 1 кгр. исчистена тиква
- 3 кгр. исчистена ајварска пиперка
- 3 л. вода
- 700 мл. јаболков оцет
- 1 л. зејтин
- на вкус сол
- 2-3 чешниња лук
Подготовка
Ова е како нешто приспособен рецепт, наместо модар патлиџан, овде има тиква. Верувам дека ќе ви се допадне, па додека сеуште има пипер, вреди да се проба вакво нешто.
1. Исчистените од семето пиперки и тиква ставете ги да се кратко проварат во водата, оцетот и лажица сол - околу 10-15 мин.
2. Извадете и оставете да се исцедат. Во блендер или на машинка сомелете, ставете во сад да се пржи, додадете го и лукчето, ако сте консументи на лутичко - можете да додадете и некоја лута пиперка.
Зејтинот го ставате но не целиот одеднаш, сами ќе оцените дали е потребно. Истиот не смее да излезе, треба да стане фино кремаст. Посолете на вкус. Пржете го околу 30 мин.
Соберете во загреани тегли и затворете, постапете понатаму како вообичаено што работиме, завиткаме во крпа и оставаме да се оладат до наредниот ден. Чувајте како и останатата зимница.
СОВЕТ
Овој рецепт е како што реков приспособен, а бидејки сум пробала и со печени пиперки и печена тиква, исто така добар ајвар се добива, ви препорачувам да пробате и така. При варењето додадов на вкус јаболков оцет колку да се разбие вкусот на тиквата. Пробајте, нема да останете разочарани.
За прв пат кога правев колку за проба.... правев од 1 кгр,. тиква и 1 кгр.исчистен пипер, варев во 1 л. вода, 0.5 л. јаболков оцет, потоа правев со со зголемен однос на во корист на пиперот.
Овој рецепт дозволува да си го прилагодите онака како што сакате вие.