Испечати

Залиени ролнички со тиква

Залиени ролнички со тиква

Состојки

  • 600гр брашно
  • 200мл млеко
  • 1 коцка (40 гр) свеж квасец
  • 150гр растопен маргарин
  • 4 лажици кисела павлака
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • фил
  • 800гр рендана тиква
  • 200мл млеко
  • 150гр шеќер
  • 3 лажици оризов гриз (може и пченичен)
  • 1/2 лажичка цимет
  • прелив
  • 250гр шеќер
  • 150мл вода
  • 1 ванила

Подготовка

Квасецот стасува во млекото и потоа се замесува тесто со брашното, маргаринот, павлаката и тестото се остава да се одмори околу 30 минути.
Тиквата се ренда и се налева со млекото и шеќерот. Се става на повисока температура да врие со повремено мешање и одкако ќе испари течноста и омекне тиквата тогаш се додава гризот и зачините. Убаво се меша да се впијат зачините и се трга настрана да се излади.
Тестото одкако ќе стаса се дели на два дела. Од двата дела се расукуваат кори кои се премачкуваат со маргарин, а потоа на секоја кора се распоредува филот и се виткаат два ролати. Ролатите се сечат на парчиња и секое парче се реди во плех - легнато со пошироката страна.
Со ножици се расекуваат ролничките, но не длабоко да не истече филот и се оставаат да стасаат околу 20 минути. Се печат на 200степени 15 минути и 10минути на 150.
Се оставаат да се оладат, а потоа со четкица се преливаат со шербетот внимателно од сите страни и одозгора.
Ролничките се многу вкусни, а и доста убаво изгледаат.

Прелив
Шеќерот се налева со водата и врие околу 8 минути, се додава и ванилата и преливот е готов.