Цариградска торта
Состојки
- тесто
- 1 шолја гриз + 5 jajца
- 1 шолја сецкани ореви
- 1 шолја брашно
- 1 пакетче суво грозје ( 100 гр )
- 1 пециво
- 3 јаболка + 1 шоља (250мл) шеќер
- 8 лажици рум
- Шербет
- 3 шолји шеќер
- 3 шолји вода
- 1 лимон
- 1 ванила
Подготовка
1. Најпрвин сувото грозје го потураме со румот. Оставаме да стои околу 30 минути одвреме навреме промешувајќи за да сето грозје прими од румот. Откако ќе отстои го цедиме од румот
2. Јајцата се матат со шеќерот.
3. Јаболката ги лупиме и ги рендаме. Ги цедиме од течноста.
4. Во изматените јајца ги додаваме, јаболката, гризот, сецканите ореви, сувото грозје, брашното и пецивото. Мешаме со дрвена лажица.
5. Смесата ја ставаме во караванче број 30, печиме на 180 степени 20 минути.
6. Испечената торта ја сечиме на ромбоиди. Ја оставаме да се излади.
7. Шербет – рендаме кора од лимонот, а потоа го цедиме. Во сад на оган ја ставаме водата. Го додаваме шеќерот, ванилата, сокот и кората од лимон. Откако ќе зоврие вариме уште 10 минути.
8. Ладната торта ја прелеваме со ладен шербет
Забелешка – шолјата е 250 мл.