Испечати

Овесни колачиња со тиква

Овесни колачиња со тиква

Состојки

  • 1/4 чаша пире од тиква
  • 1 поголемо јајце
  • 1 лажичка екстрат од ванила
  • 3/4 чаша брашно
  • 1,1/ 4чаша снегулки од овес
  • по 1/4 чаша бел и кафен шеќер
  • 1/4 лажичка пециво
  • 1/2 лажичка сода
  • 1/4 лажичка сол
  • 1,1/2 лажичка цимет
  • по 1/4 лажичка мускатно оревче и каранфилче
  • 1/2 чаша чоколадни чипсови
  • 1/2 чаша сушена брусница

Подготовка

1. Се мешаат со жица пирето од тиквата со јајцето и ванилата.
2. Измешаните брашно, овесните снегулки и сите останати суви состојки, се додааваат кон предходната смеса, се прават нерамни топчиња, со лажица сплескајте ги малку, се наредуваат во плех и се печат во предходно загреана рерна на 180 степени најмногу 12-14 мин. се вадат.

Напомена
Овие колачиња мора да внимавате да не ги препечете како што овој пат јас направив, само една минута повеќе ја менува текстурата на колачето.