Тарт од тиква
Состојки
- - за тесто -
- 150 гр брашно
- 90 гр мелени ореви
- 2 лажици шеќер во прав
- 80 гр ладен путер (може маргарин)
- 2-3 лажици сок од портокал
- - за фил -
- 395 гр засладено кондензирано млеко (1 лименка)
- 200 гр пире од тиква
- 1 лажиче цимет
- 1/2 лажиче мушкатно оревче
- 2 јајца
Подготовка
Најпрво измешајте ги сувите состојки за тесто. Потоа додадете го путерот или маргаринот исечен на ситни коцкички или изрендан на нож. Измесете додека се створат грутчиња/соединат состојките. На крај додадете 2 лажици сок од портокал (ако е потребно додадете ја и другата) и измесете глатко тесто. При секое месење, гледајте процесот да го завшите најбрзо што се можи, да не поприми тестото температура од рацете. Секој постапен процес на мешање на тестото исто така можи да го направите во мултипрактик и на крај само рачно, многу кратко да обликувате глатко тесто. Тестото ставете го во фрижидер да одстои 20 минути.
Во меѓувреме спремете го филот, така што со помош на жица за матење ќе ги измешате сите состојки.
Истанчете го тестото во дебелина од 2-3 мм и со помош на калапчињата за тарт или некои слични вадете форми. Ако немате такви калапи, можи да исечите кружни форми и да обложите калап за мафини, секако откако предходно ќе ги премачкате со маргарин.
Потоа, обложеното тесто наполнете го со филот од тиква.
Печете на 170 степени околу 35 мин.
Внимавајте, иако во филот не се става шеќер, додека се топли се многу благи. Откако добро ќе оладат блажината не е толку интензивна.