Испечати

Тиквен Какао Браунис

Тиквен Какао Браунис

Состојки

  • За основата
  • 180 гр. киесло млеко
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 лажичка пециво
  • 70 мл. млеко
  • 200 гр. шеќер и 1 ванила
  • 60 гр. снегулки од овес
  • 60 гр. какао
  • 2 лажици брашно
  • За филот од тиква
  • 160 гр. пире од тиква
  • 2 лажици крем сирење
  • 3/4 лажичка цимет
  • на врв на ножот цимет, ѓумбир и мускатно оревче

Подготовка

Овој колач погоден и за чокољупците, зачинет со микс од зачини - навистина е олицетворение на есента.
 
Најпрво спремете го филот

1. Во сад со миксер измиксирајте ги пирето од тиквата заедно со шеќерот, крем сирењето и додадете ги зачините.

Основата

1. Овесните снегулки сомелете ги во блендер и оставете настрана.
2. Киселото и пресното млеко заедно со јајцето измешајте ги во блендер или кратко сматете ги со миксер колку да се спојат состојките. Додајте им ги измешаните две врсти на брашно, пецивото, какаото, шеќерот, ванилата, солта и пак кратко измешајте колку да се спојат состојките. Не е потребно да се миксира многу.
3. Добиената смеса излијте ја во модла 20х20 см.
4. Врз смесата со лажиче ставајте од филот, со нож напрвете шари нешто слично како мраморниот колач.
5. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 мин. Кога рабовите на тестото ќе се одвојат од ѕидовите на модлата. Оставете да се олади.

Напомена

Овој колач иако е испечен внатре останува сочен. Посебно ми се допаѓа заради тоа што нема никакви додатоци од путери, маргарин или зејтин... слаток (благ) на вкус, но повторно мами да се исечете парче.
Не дека не може да се јаде додека е топол овој колач, исто вкусен, но потешко се сече.
Па драги мои уживајте!