Сусам плочки
Состојки
- 150гр. шеќер
- 60гр. мед
- 15мл. вода
- 25 гр. путер
- 1/2 лајче печиво
- 1лајче екстрат ванила
- 140гр. сусам
- 1/8 лајче сол
Подготовка
Медот и шеќерот се топат на тивко на оган, се става водата, сол, печивото се додава и сусамот и се меша постојано на средна температура околу 10 мин.да се направи карамел боја.
Настрана веќе претходно се подготвува количината путер и ванила, се вади од оган и се додаваат веднаш и тие, се изедначува смесата.
Во рамна подлога се става хартија за печење и се тура масата, се прекрива одгоре со друго парче пек -хартија и се рамни брзо зашто се стега смесата. Рамнењето јас го направив со пластична чаша можи со сукалка, танчете колку мислите е доволно за да се добијат плочки. Се трга горниот слој хартија и се сечат формите.