Гратинирани фусили со мешан зеленчук

Состојки
- 2 1/2л. вода
 - 2 1/2 лажички сол
 - 250 гр. фусили (спирални тестенини)
 - 250 мл. бистра супа од зеленчук
 - 300 гр. мешан замрзнат зеленчук (брокули, тиквичка, моркови, жолти моркови, кромид, лук)
 - 2 домати
 - 200 гр. шунка
 - 125 мл. млеко
 - 3 јајца
 - сол, бибер
 - 100 гр. рендан кашкавал
 
Подготовка
Ова е мој предлог за оброк кој е брз и лесен за подготовка. Комбинацијата на зеленчук е варијабилна, изберете го по ваш вкус.
 Подготовка
 1. Ставете ја водата со солта да зоврие па додадете ги тестенините да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги и потурете со ладна вода.
 2. Загрејте ја рерната на 180°.
 3. Во едно помало тенџере ставете ја супата да зоврие па додадете ја замрзната мешавина од зеленчук. Оставете 2 мин. да се вари.
 4. Доматите излупете ги и исечкајте ги на коцки.
 5. Во еден подлабок сад ставете го млекото и јајцата, посолете и побиберете, па потоа изматете со жица за матење. Додадете ги доматите, сечканата шунка и зеленчукот со супата па промешајте.
 6. Керамичката тава премачкајте ја со масло и ставете ги тестенините. Прелијте со смесата од зеленчук и внимателно промешајте.
 7. Тестенините печете ги вкупно 40 минути. 15 мин. пред крајот на печењето, посипете го кашкавалот и оставете да се допече.
 Добар апетит!