Испечати

Парени сецкани пиперки

Парени сецкани пиперки

Состојки

  • 2кг зелен и црвен пипер
  • 500мл алкохолен оцет
  • 100гр сол
  • 180гр шеќер
  • 1/2китка магдонос
  • 2 главици лук
  • 1/2лажичка винобран

Подготовка

Пиперките се мијат, чистат од семенките и се сечат на парчиња по желба.
За поубав изглед на салатата се зема 1кг бел и 1кг црвен пипер.
Магдоносот и лукот се сецкаат.
Пиперките се ставаат во подлабок сад и се попаруваат со солилото.

Солило
Оцетот, шеќерот и солта се ставаат да зовријат и солилото се налева врз пиперките. Се покриваат пиперките со потежок предмет убаво да се притиснат и садот се покирива со капак.
Се оставаат преку ноќ да преноќат, а утредента се собираат во тегли. Собирајќи убаво се притиснуваат и помеѓу се става од лукот и магдоносот.
Одкако ќе се наполнат теглите во солилото се додава винобранот, убаво се промешува и се налеваат теглите со течноста. Убаво се затвараат и се редат меѓу останатата зимница.
Од оваа доза излегуваат 4 тегли и од искуство сметам дека сечениот пипер е многу повкусен и поедноставен за сервирање од целите пиперки.