Испечати

Погача со маслинки

Погача со маслинки

Состојки

  • Тесто
  • 400гр. брашно
  • 3/4 коцка квасец
  • 200-220мл. млеко
  • 1/2 филџанче зејтин (околу 50мл.)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • Фил
  • 150гр. маслинки (исчистени)
  • 3-4 лажици зејтин
  • зачини оригано и рузмарин
  • 1 чешне лук
  • Уште плус
  • 1 јајце за премачкување
  • за наросување сусам (ким, мак, оригано)
  • малку маргарин за премачкување на тестото

Подготовка

1. Квасецот растворете го во млекото па додадете го во садот со останатите состојки за тестото. Замесете меко нелепливо тесто и оставете го на страна да стаса (најмалку 1 час).
2. За филот, во блендер ставете ги маслинките претходно исчистени, протиснатото лукче и зачините па направете убава кремаста смеса. Додадете и малку зејтин за да смесата се разреди.
3. Стасаното тесто ставете го на набрашнета површина и разделете го на 2 дела. Од секој дел со сукало развлечете кора, премачкајте ја прво со размекнат маргарин, па со половина од смесата од маслинки и завиткајте во ролат.
Истата постапка е и за второто тесто. Ролатите исечете ги цик-цак па наредете во намрсена округла тава за печење. Оставете ги 20тина мин. потоа премачкајте со разматено јајце и наросете сусам (или нешто друго по желба). Ставете да се пече во претходно загреана рерна додека добие убава боја. Нека се излади малку па послужете.

Добар апетит =)