Испечати

Мармалад од цвекло

Мармалад од цвекло

Состојки

  • 2 средни парчиња цвекло
  • 160 гр шеќер
  • 1 лимон кора и сок
  • 1 лаж ѓумбир свеж

Подготовка

Цвеклото се мие и се замотува во алуминска фолија . Се реди во плех и се пече додека да омекне. Се остава да олади и се лупи, а потоа се ренда на ситно на ренде или се меле во блендер. Се додава рендана кора од лимон и сокот од лимон и ѓумбир.
Се става на оган да се пржи со постојано промешување 5 минути откако ќе завари.

Се става во тегличка и се чува во ладилник до еден месец. Ако сакате поголема количина, теглите се стават во вода и се вари додека да се затворат капаците.