Испечати

Мини кроасани со полнење од тиква

Мини кроасани со полнење од тиква

Состојки

  • Тесто
  • 250гр. брашно
  • 130гр. рикота
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици растопен путер
  • прстофат сол
  • Полнење
  • 300гр. тиква
  • 5 лажици кафеав шеќер
  • 100мл. вода
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка каранфилче во прав
  • на врв на лажичка рендан ѓумбир
  • 1 рака сецкани ореви
  • 1 рака суво грозје
  • 1/2 рака сецкани пињоли
  • Други состојки
  • 1 јајце(за премачкување)
  • по потреба шеќер во прав(за посипување)

Подготовка

Во подлабок сад ставете ги состојките за тесто и со помош на ладна вода(по потреба) замесете го тестото.
Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 1 час.
Во меѓувреме подгответе го полнењето.
Во тенџере на оган ставете ја тиквата исечена на мали коцки, шеќерот и водата.
Оставете да зоврие, а потоа додајте ги циметот, каранфилчето и ѓумбирот.
Оставете на тивок оган да се вари додека тиквата омекне , а водата испари.
Откако е готово тргнете го тенџерето од оган и смесата претурете ја во стаклен сад и оставете да се олади.
Кон оладената тиква додајте ги сецканите ореви, сувото грозје и сецканите пињоли.
Измешајте убаво.
Отстоеното тесто поделете го на 2 дела и меѓу 2 листа хартија за печење развлечете ги во круг.
Исечете ги на 8 дела и на секој дел ставете од филот.
Завиткајте ги во вид на кроасани и наредете ги во плех обложен со хартија.
Премачкајте со разматено јајце и печете ги на 200 степени, 20-25 минути додека заруменат.
Испечените кроасани посипете ги со шеќер во прав и полслужете.