Штрудла со тиква - омилениот рецепт на баба ми
Состојки
- 500гр кори
- 100гр зејтин
- 1кг тиква
- 1 ванила
- 1 цимет
- 150гр шеќер
Подготовка
Тиквата се чисти и се ренда на крупната страна на рендето.
Корите се редат по четири. На секоја кора се попрскува со малце зејтин, на четвртата се става филот. Тиквата жива се реди на крајната страна од корите. Се става од шеќерот по целата должина на кората врз тиквата, две големи лажици, ванила и цимет.
Се витка во ролна и се става во тава.
Постапката се повторува додека се потрошат корите.
Се сече на парчиња по желба и се става да се пече во загреана рерна на 200степени. Кога ќе биде готова се вади од рерна и се просипува со шеќер во прав!