Испечати

Торта од тиква

Торта од тиква

Состојки

  • 200гр. тиква
  • 1 јаболко
  • 100гр. брашно
  • 50гр. мелени лешници
  • 50гр. сецкано чоколадо
  • 5 јајца
  • 60гр. путер
  • 50гр. ванилен шеќер
  • 60гр. шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • ѓумбир,мускатно оревче, прстофат сол

Подготовка

Исечете ги јаболкото и тиквата на тенки парчиња. Тавата за печење прекријте ја со хартија за печење. Растопете го путерот, додајте го ванилниот шеќер и пржете ги се додека не добиете карамела.
Додајте ги парчињата јаболка и тикава и пржете ги по 1 минута од секоја страна. Потоа расподелете ги врз дното од тавата за печење. Изматете ги јајцата во еден сад, додајте го шеќерот, па матете додека не добиете пенлива смеса. Потоа додајте ги малку по малку брашното, прашокот за печиво и солта, па мелените лешници и сецканото чоколадо, 1 лажицка рендан ѓумбир и малку мускатно оревче.
Сипете ја смесата во тавата. Печете ја тортата на 180 степени 30 минути. Оставете ја тортата да се олади, обрнете ја од другата страна и сервирајте ја на парчиња.

Добар апетит.