Светиниколска пастрамајлија
Состојки
- 500мл вода (млака)
- 1 голема лажица шеќер
- 1 сол
- 200мл зејтин
- 1 квасец
- 1 мала лажичка пециво
- 1кг -1,2кг брашно (се додава по потреба)
- по 1 јајце за секоја пастрмајлија
Подготовка
Се’ се става во садот за месење и се додава брашно за да се замеси меко тесто. Се остава да стаса и откако ќе стаса полека се кинат топчња од 250гр.
Не се притискаат, се оставаат пак да подстасаат. Секое топче се растегнува за пастрамајлија и краевите се притискаат со прсти за се задржи филот. Се реди месо исецкано на коцки по желба, сирење и по малку маст.
Се пече. Пред крај со печењето се крши јајце и се посипува низ филот.