Пекарски кроасани
Состојки
- 300мл млеко (млако)
- 300мл јогурт
- 1 квасец
- 100мл зејтин
- 3 јајца
- 4 големи лажици шеќер
- 3 мали лажички сол
- 1кг брашно, но и повеќе
- 250гр (еден) маргарин
- 1 јајце и сусам за премачкување
Подготовка
Се’ се става во садот во кој месите и постепено додавате брашно за да добиете убаво меко тесто. Веднаш почнувате да работите со тестото, се дели на два еднакви дека и секој ден на осум топчиња. Топчињата се расукуваат, се редат едно врз друго ама секое се премачкува со веќе омекнат маргарин освен најгорното. Вака наместени повторно ги расукувате, но и ќе ја превртите за да се изедначат краевите. Не многу тенко расукано го расекувате само од краевите за да се добие облик во вид на цвет, а „листовите„ на овој „цвет„ ги превиткувате на внатре секој од спротивна страна. Добиеното топче пак се расукува на средна дебелина.
Се расекуваат кифличките на помали парчиња бидејки откако ќе ги направите стасуваат 2 часа во тепсијата. Премчкајте ја тепсијата со маргарин. Печете ги на 200 степени.
Доколку сакате ставите благ сос зголемете ја дозата на шеќерот.