Испечати

Лешник колач со бела чоколада

Лешник колач со бела чоколада

Состојки

  • Пандишпан
  • 2 јајца
  • 50 гр путер на собна температура
  • 200 гр шеќер
  • 80 мл млеко
  • 120 гр потпечени мелени лешници
  • 250 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 1/2 прашак за пециво
  • За преливање
  • 200 мл жешко млеко
  • Фил
  • 200 гр бела чоколада
  • 150 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 екстракт од ванила

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
Путерот изматете го со шеќерот. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, млекото и постојано матете да се изедначи смесата. На крај додајте го брашното измешано со лешниците, какаото и пецивото и со мала брзина измешајте ги да се изедначат. Ќе добиете густа смеса. Истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех 35х20, порамнете ја и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 мин.
Печениот пандишпан оставете го излади и прелијте го со жешкото млеко.

Подготовка на филот
Чоколадата ставете ја на пареа да се стопи и оставете ја да олади.
Изматете ги путерот со шеќерот во прав и екстактот и заедно измешајте ги со белата чоколада.
Премачкајте го пандишпанот, покријте го со фолија и оставете го во фрижидер малку да се излади.
Сечите коцки украсете ги по желба и послужете ги.