Солени палачинки со праз
Состојки
- Смеса за палачинки
- 3 чаши од 200 мл вода
- 1 чаша млеко
- 2 јајца
- 1 лажиче сол
- 450 гр брашно
- Фил
- 450 гр праз
- 1 јајце
- по потреба сол
- по потреба масло
Подготовка
Најпрво направете ги палачинките.
Во сад ставете ги водата, млекото, јацата и солта и со миксер малку изматете ги да се изедначат. Потоа додајте го брашното и повторно изматете да се добие изедначена смеса. На загреана тава намачкана со малку масло пржите палачинки додека се потроши смесата. Потоа подгответе го филот.
Празот исецкајте го и во тава со масло пропржете го малку да омекне околу 5 минути. Посолете го по вкус и тргнете го од огнот. Додајте го јајцето, измешајте го и почнете со филовање на палачинките.
Мала тава со пречник 26цм намачкајте ја со масло, ставете една палачинка наредете од празот од прилика по 2-3 лажици и попрскајте со малку масло. Потоа пак палачинка, праз, се додека се потрошат.
Исечете ги на 8 триаголници, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 30 мин.
Оставете ги малку да изладат покриени со крпа и послужете ги со сирење и јогурт.