Испечати

Колач Ламбада

Колач Ламбада

Состојки

  • 5 јајца
  • 150г шеќер
  • 150г бршно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1л жолт газиран сок(фанта,синалко...)
  • 3 пудинга од ванила
  • 9 лаж. шеќер
  • 1/2л млеко
  • 5 лаж. густин
  • 5 лаж. шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 1 маргарин
  • 1 пакетче бисквити
  • 160 г маргарин
  • 200гр чоколадо
  • 6 лаж. вода
  • 6 лаж. шеќер

Подготовка

Кора
Ги матиме жолчките со шеќер се додека не се растопи шеќерот, белките ги матиме посебно, брашното го измешуваме со прашок за пециво.
Во садот со жолчките полека ги истураме по една лажица од брашното и една лажица од белките. Готовата смеса ја истураме во плех и ставиме да се пече
жолтиот крем.
Од сокот одделиме неколку лажици и измешаме со пудингот, остатокот од сокот ставиме да се вари заедно со шеќерот, кога зоврие истураме унатре пудингот у вариме неколку мин.

Белиот крем
Од млекото одделуваме неколку лажици и мешаме со густинот, остатокот од млекото го вариме со шеќерот додека да зоврие, истураме густинот и вариме неколку мин., кога ќе се излади го мешаме со маргаринот.

Кога е кора готова врз неа истураме од жолтиот крем жежок и оставаме да се излади. Кога е изладено од горе мачкаме белиот крем, врз белиот крем редиме бисквити кои ги топиме во сок, врз бисквитите поливаме чоколадна глазура.

Чоколадна глазура
Чоколадо вода и маргаринот ги растопуваме на тивок оган