Испечати

Тиквалникот од мајка ми

Тиквалникот од мајка ми

Состојки

  • за тиквалникот..
  • 1кг. варена тиква
  • 1 филџанче (125мл) млеко
  • 2 цели јајца
  • 1 лажица густин
  • 3-4 лажици шеќер
  • 3 кесички ванила шеќер
  • за лиснатото тесто...
  • 600гр. брашно
  • 2 филџанчиња масло
  • 1 кесичка печиво
  • 2 кесички ванила шеќер
  • 1/2 кора од лимон-рендана
  • 250гр. вода(по потреба)
  • 250гр. коцка маргарин

Подготовка

Ова е оригинал рецепт од мајка ми највкусните коцки со тиква кои сум ги вкусила, еднакви по мера со останатите десерти.

За тиквалникот да го подготвите треба варена тиква во тежина од 1 кг. готова изварена маса (одговара на наведените мерки натаму). Т
иквата се става на ситно сито да се отцеди водата, па така во неа се става се останато и се добива една кашеста смеса која ни го сочинува филот во тестото.

За делот од тесто сите состојки се мешаат (маргаринот за премачкување само служи) и се меси тесто кое се дели на два делови. Едниот дел се дели на 11 топчиња, а другиот на 9. Од секое топче се сука коричка на најтанко, се роси малку густин и се премачкува со маргарин кој треба да ни е отстојан на собна температура за да е мазив.
Така се образуваат 2 ,,купчиња,, со корички најгоре непремачкани од кои потоа сукаме 2 големи кори. Првата со 11 топки ни е за најдолу и се сука да ги премине граничниците на плехот (стандард од електричен шпорет), ја префрламе иссукана врз плех премачкан со маргарин и ја бодиме со вилшука насекаде, па го нанесуваме филот.
Втората кора ја сукаме на најтенко можно и правиме набори од неа врз филот.

Загреана рерната на 200 ја ставаме да се печи некои 20 мин. Ако е потребно за подобро да се изврие при крај намалете ја температурата и печете уште 4-5 мин. Готова испечена се прекрива со крпа и се лади комплетно,. Сосема изладена се посипува со шеќер во прав и се сечи по ваш избор, кај нас тоа обично се коцки.
На здравје сладете се со овај вкусен десерт.