Испечати

Слатко од костени

Слатко од костени

Состојки

  • 1 кгр. исчистени костени
  • 1 кгр. шеќер
  • 1 ванила
  • 2 лимона

Подготовка

Има многу рецепти за ова слатко, но бидејки рецептот на Трендел веќе ми е докажан, оваа година повторно одлучив да го спремам. Јас почесто пати го нарекувам Есен слатко.
И ова слатко спаѓа во групата на нескојдневните.
 
- На костените излупте им ја тврдата лушпа
- Ставете да се вари околу 20-25 мин.
- Исчистете ја сега меката лушпа и веднаш ставете го во ладна вода.
- Шеќерот и ванила облијте ги со вода и ставете да се свари малку поредок шербет, додадете ги костените и варете додека се згусти шербетот - како секое слатко. Пред самиот крај на варењето додадете го лимонот исечен на кругови и уште кратко време нека вари.
- Соберете во тегли или додека е топло или наједноставно прекријте со влажна крпа и оставете до наредниот ден кога и ќе го соберете.
Уживајте.