Испечати

Сечено-печено

Сечено-печено

Состојки

  • 500гр. брашно
  • 1 лајче сол
  • 2 лажици масло
  • 250гр. млака вода
  • 1 квасец коцка
  • премаз..
  • 125гр. масло
  • 125гр. маргарин коцка
  • фил
  • 500гр. урда

Подготовка

И овај во редот на стари рецепти порано го работеле со маст, но во денешни услови ретко кој ја користи. Jас место маст употребив половина маргарин и масло.

Од горе наведените состојки се меси тесто и тоа добро измесено,,да пука,,. Се дели на 4 делови, секој од нив на 4 топчиња од кои се сукаат корички. Секоја од коричките се премачкува со премаз од топен маргарин и масло и се редат една над друга по 4 така од секоја реденица. Ќе се отворат 4 поголемки кори сукани во димензаии за тавче бр.36. -правоаголно.
Тавчето премачкано со маснотија, се реди првата кора, па се сипа урда, втората кора па урда и така додека има. Најгоре се остава само кора која се прска со премазот.
Се сечи тестото во коцки, се остава да надојди, па се печи на 200, кога зарумени намалуваме на 180.

Јас за најгоре ставив сусам, но не е задолжително и го нема во основниот рецепт.