Лиснати машнички со кисело млеко
Состојки
- 1кгр. брашно
- 300мл. млеко
- 100мл. вода
- 100мл. кисело млеко
- 1 неполн филџан масло за јадење
- 4 јајца
- 150-200гр. маргарин
- 1 пакетче пециво
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
Подготовка
Квасецот се растопува со 100мл. вода, 1 лажица шеќер и малку брашно. Се остава да стаса 5 минути. Потоа во длабок сад се додава стасаниот квасец, останатото млеко, кисело млеко, маслото, 2 цели јајца и 2 белки (жолчките се оставаат за премачкување), 1 лажица сол и убаво се промешува. На крај се додава и брашното и се замесува меко тесто.
Тестото не се стасува туку веднаш се дели на 4-5 колачиња. Секое колаче се расукува во форма на правоаголник и се премачкува со маргарин (150-200 гр.маргарин се дели на 4-5 дела) и се преклопува како плик. Веднаш се ставаат во замрзнувач да стојат околу 30 минути. Потоа секое тесто се расукува повторно во форма на павоаголник со дебелина од еден прст и се сечат рамнострани триаголници. Едниот врв се засекува, се враќа назад и се замотува да се добие форма на машна. Вака добиените машнички се редат во подмачкано плекче, се премачкуваат со жолчки и се посипуваат со сусам или афионско семе. Се остава да стасат околу 30 минути и се печат 20 минути на180- 200 степени.