Неделен ручек во Делимано електрична тава
Состојки
- 1,5кг свеж свински врат
- 3-4 листови ловор
- 100мл зејтин
- 100мл вода
- 1лажичка црн бибер
- 2лажици зачин
- пире
- 500гр компир
- 200мл млеко
- 100гр маргарин
- сос од печурки
- 1тегла шампињони
- 400гр павлака
- 1лажица брашно
- 1лажица рузмарин
Подготовка
Падна и првиот ручек во електричната тава.
Месото се чука од двете страни. Зејтинот се загрева и се реди месото во тавата. Се запржува од двете страни набрзина да фати коричка, а потоа се налева со водата, се додава ловоровиот лист и се покрива со капакот. Се динста 15 минути, а потоа се трга капакот и се пропржува уште по 5 минути од двете страни. Се зачинува со бибер и зачин.
Во маснотијата од месото се пропржуваат печурките 10 минути, а потоа се додава брашното и павлаката. Се пржи околу 5 минути се зачинува со сол, бибер и рузмарин и сосот е готов.
Компирот се вари и се пасира. Уште топло се меша со врелото млеко и маргаринот, се посолува и одозгора се прелива со сврипиле на Клара или препржен црвен пипер во 3 лажици зејтин.
Ручекот го имам готвено безброј пати, но сега во панот - електрична тава беше ем побрзо ем повкусно.