Испечати

Крем бруле

Крем бруле

Состојки

  • 4 жолчки
  • 65гр. шеќер
  • 250мл. слатка павлака
  • 1 ванила
  • 2 неполни лажички кафеав шеќер

Подготовка

Изматете ги жолчките со вилушка или со жица, но внимавајте да не станат пенести.
Додајте го шеќерот и мешајте полека.
Во сад на оган ставете ја павлаката и ванилата.
Оставете да се загрее до зовривање и потоа постепено додавајте ја во изматените жолчки.
Континуирано мешајте полека со дрвена лажица.
Од изматената смеса ставете во помали огноотпорни садови.
Ставете ги садовите во повисок плех и налејте ладна вода.
Печете на 180 степени 40-45 минути (зависно од рерната, но и повремено проверувајте да не е многу течен кремот).
Откако ќе се испече оставете да се излади на собна температура, а потоа до сервирањето оставете да стои во фрижидер.
Пред сервирање посолете од кафеавиот шеќер, ставете го повторно во плех со ладна вода на најгорната решетка и на највисока температура.
Оставете да се пече уште неколку минути додека се добие цврста кора од растопениот шеќер.