Солени стаплиња - клипичи
Состојки
- 1кг брашно
- 1 коцка свеж квасец
- 3 лажици шеќер
- 300мл млеко
- 200мл зејтин
Подготовка
Го ставаме квасецот да стаса во чаша со млака вода и малку шеќер, додаваме брашно, зејтин и топла вода и замесуваме тесто.
Го оставаме тестото да стаса. Кога е стасано го кинеме на топчиња, работна површина ја премачкувме со зејтин, го земаме топчето и со сукалото го развлечуваме, го мотаме како цигаретка (види ја сликата), ги редиме во плех, премачкуваме со јајце и посипаме со сол.
Печеме во загреана рерна на 180 степени додека не станат златни.